Dream.mk

Продавница

Често поставувани прашања

Често поставувани прашања

01. Шумиши

Зошто Шумишите им помагаат на бебињата да заспијат?

Шумишите емитуваат бел шум кој бебињата многу го сакаат. Ги потсеќа на звуците кои ги слушале додека биле во матката на нивната мајка и ги маскира (прикрива) другите звуци од околината кои може да го нарушат заспивањето на бебето. Има реласкирачки ефект, го опушта бебето а тоа води до подолг и подлабок сон.

Дали Шимишите одговараат за било која возраст?

Чудата на белиот шум немаат старосна граница! Иако Шумишите се создадени за да им помогнеат на новородените бебиња, дури и во болнички и неонатални одделенија, секој може подеднакво да ужива во белата бучава. Постарите бебиња, малите деца, па дури и возрасните можат да користат бел шум помош за полесно заспивање бидејќи има смирувачки ефект и ја маскира бучавата во позадина која може да го наруши сонот.

Дали мојот шумиш може да биде испран?

Секој Шумиш може да се пере во машина за перење откако ќе го извадите уредот за звук од џебот со патент. Шумишите се направени од сертифицирани материјали, погодни за употреба од раѓање.

Колку типа на шум емитуваат Шумишите?

Секој Шумиш емитува 5 вида на шум кои наликуваат на фен, правосмукалка, океански бранови, врнежи од дожд и плодова вода со отчукување на срцето.

Колку долго можат да емитуваат  звук Шумишите?

Шумишите емитуваат звуци 60 минути за основниот модел и 30 минути за другите модели по вклучувањето, а потоа постепено се гасат. После тоа, моделите со сензор за спиење влегуваат во режим на подготвеност во кој звукот повторно се вклучува доколку бебето почне да мрда или ако има зголемен шум во позадината.

02. Испорака

Направив нарачка, кога ќе го добијам производот?

По креирање на нарачка истата се обработува еден до два дена. Потоа доколку нарачката е уредна производот се испорачува. Од денот на испорака очекувајте го производот на вашата врата во рок од четири до пет работни дена.

03. Плаќање

Како можам да платам?

При креирање на нарачка можете да изберете еден од двата понудени методи на наплата:

  1. Електронски со платежна картичка (Visa, Master или Maestro)
  2. Плаќање во готово при прием на пратката

Кој ги чува и обработува податоците од мојата платежна картичка?

При плаќање со платежна картичка ќе бидете пренасочени кон сервисот на CaSys. Само CaSys ги прима и обработува податоците од картичката. Ние не ги чуваме ниту обработуваме вашите податоци од платежната картичка.

04. Рефундирање

Како можам да добијам поврат на уплатените средства?

Доколку производот кој го имате купено сакате да го вратите тоа можете да го сторите доколку:

  1. Уплатениот производ не е на залиха и истиот неможе да биде испорачан во предвидениот период на испорака
  2. Уплатениот производ не соодветстува со описот на купениот производ од страната. 
  3. Производот е нефункционален (е расипан)
  4. Производот не е физички оштетен, неговото пакување исто така е неоштетено и е фабрички затворен (односно производот го немате отворено од пакувањето)

Доколку сметате дека исполнуате една од горе наведените точки контактирајте не за да договориме подигање на пратката. При подигање на пратката купувачот плаќа за враќањето на производот а по одобрување на рефундирањето се враќаат и уплатените средства за враќање на производот.  При враќање на нарачката задолжително пополнете го формуларот од следниот линк. По прием на вратениот производ доколку истиот ги исполнува горе наведените услови за враќање и рефундирање на корисникот ќе му биде одобрено рефундирање.

05. Апликација My Hummy

Нема врска со уредот. Што треба да направите?

Bluetooth технологијата што се користи во вашиот myHummy има одредени ограничувања, вклучувајќи опсег и време на реакција. Обидете се да го доближите вашиот паметен телефон поблиску до вашиот myHummy и да почекате малку. Поврзувањето се сигнализира со иконата за глава на мече во централниот горен дел на екранот. Апликацијата не работи кога иконата е сива. Забелешка: проверете дали функцијата Bluetooth е овозможена на вашиот паметен телефон.

Bluetooth не е овозможен на овој уред. Што треба да направите?

Ве молиме проверете дали Bluetooth функцијата  е овозможена.

Што треба да направите кога вашиот сензор за спиење е премногу чувствителен?

Доколку сметате дека сензорот за спиење не работи правилно, контактирајте не на app.support@myhummy.com за да добиете техничка помош за прилагодување на поставките.

Дали апликацијата работи со постари верзии на myHummy?

Апликацијата работи со моделите MB01 и MB02; Ова е уредот со тиркизна боја, во облик на срце со бела глава на мече. Другите механизми не се компатибилни со апликацијата.

Зошто не можам да ја преземам апликацијата?

Апликацијата работи само на уреди опремени со Android верзија 4.4 или понова и со iOS 8.0 или понова. Проверете дали вашиот оперативен систем е компатибилен со оваа апликацијата.