Со регистрирање се согласувате на правилата и условите за користење на Dream.mk и му давате дозвола на тимот на Dream.mk да прави промени на истите. Условите и правилата за користење стапуваат на сила во моментот кога се објавени на сервисот.
За споделена содржина на Dream.mk од ваша страна сте одговорни вие. Секоја споделена содржина од ваша страна ќе се смета како материјал чија интелектуална сопственост ви припаѓа вам и со самото споделување ни давате целосни права, нам како Dream.mk и на нашите партнери да ја користат, изменуваат, дистрибуираат или да ја објавуваат јавно.
Купување
При креирање нарачка преку Dream.mk можете да креирате корисничка сметка (регистрација) која подоцна ќе ја користите во идни купувања или да купите без регистрација со внесувае на адреса за достава.
При креирање на нарачка со избор за плаќање во готово се обврзувате да го платите производот кога истиот ќе ви биде испорачан. Можност да ја откажете нарачката има само доколку истата не е испорачана.